Учениците од образовниот профил медицинска сестра на 12.05.2022 година по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри беа дел од настан организиран од Унијата на здруженијата на медицински сестри. Нашето училиште имаше промотивен штанд, а дел од нашите ученици доделија плакети за неколку медицински сестри (постхумно).
Вака се негуваат професионалните вредности и стандарди!
Првата подадена рака на болниот пациент – Да, тоа се медицинските сестри.