
Дел од атмосферата од реализираната еднодневна екскурзија во Тетово. Во рамки на екскурзијата се посетија поголем број на објекти од културно-историски карактер и тоа: Лешок и Лешочкиот манастир, родното место на Кирил Пејчиновиќ, Шарена џамија Тетово и централното подрачје на градот Тетово. Учениците имаа можност да слушнат за значењето на овие објекти и личности кои се изучуваат во рамки на наставните предмети согласно наставната програма, а воедно и меѓусебно да се дружат и да одминат квалитетно потрошено време. Овој тип на екскурзија има за задача да го збогати културно-историското знаење на учениците и да поттикне мултикултурализам, верска и меѓуетничка толеранција.