
Оваа година се одбележуваат 60 години од основањето на Музејот на Современа Уметност во Скопје, кој беше свечено отворен далечната 1970 година од големиот Блаже Конески.
На 28 ноември 2024 година беше отворена изложбата ,,Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го создава”. По тој повод нашите ученици, како активни учесници во културните и уметнички збиднувања во градот, на ден 19.12.2024 година реализираа посета во МСУ под водство на наставниците Пере Петков и Василка Белчев. На изложбата беа водени од Бојана Јанева – кустос едукатор. По разгледувањето на импресивната изложба која брои околу 200 дела, донации од современи уметници од цел свет, учениците имаа можност да присуствуваат и самите да учествуваат во транснационалиниот проект на германскиот уметник и професор по јавна уметност на Академијата за медумски уметности во Келн – Миша Кубал, насловен ,, Кога ѕидовите би зборувале’’. На изложбата присувствуваше и амбасадорката на Германија, нејзината екселинција Петра Дрекслер.