Ученик Леон Али освои второ место на државен натпревар МАССУМ во категоријата за најдобар – ПОСТЕР 2021 год.
Во категоријата за најдобар постер на државниот натпревар МАССУМ, ученикот Леон Али, под менторство на проф. Дијана Диниќ и проф. Игор Крстевски, го освои второто место.
На 23-ти и 24-ти април на Американски универзитет на Европа – ФОН се одржа онлајн манифестацијата ,,Образовно рандеву”, 2021 год., креиран како проект на Младинска Асоцијација на средни стручни училишта на Р. С. Македонија. Настанот, поради пандемијата и вонредните околности предизивкувани од Ковид 19, се одржа онлајн преку апликација Microsoft Teams. На овој настан учествуваа околу 30 средни стручни училишта кои се натпреваруваа во 10 категории: во категорија за најдобар постер, најдобра фотографија, поетска творба, јавно говорење, интервју за работа, маркетинг план, најдобра видео реклама, најдобра веб страна, филм и портфолио.