ОДЛИЧНО ИСКУСТВО НИЗ СЛИКИ ОД ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ:
„РАЗВИВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВЕШТИНИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
Нашето училиште во соработка со Универзитетот „Нишанташ“ во Истанбул (İstanbul Nişantaşı Üniversitesi), во рамки на Факлтетот за медицина и Факултетот за гастрономија и угостителство, како и со Развој на истражување на биомодел иновативни биолошки системи (Biomodel innovative biological systems research development), воспостави соработка и реализираа ученичка размена со практична настава која овозможи нови знаења и вештини на нашите ученици.
Учениците имаа можност да се стекнат со нови искуства, технологии, знаења, методи на работа и да видат ново и современо работно окружување надвор од нашата држава.
Проектот вклучуваше 9 ученици од профилот медицинска сестра и 9 ученици од профилот келнери, кои имаа можност 14 дена да бидат дел од размената на знаења и реализација на практична настава во Истанбул.
Келнерите ја реализираа практичната нсатава во еден од поубавите хотели во Истанбул (TRYP by Wyndham Istanbul), а медицинарите во рамки на приватната клиника BHT (BHT CLINIC Istanbul Tema Hospital) во одделенијата за: ортопедија, радиологија и општа медицина.
Покрај ова, група на наставници и соработници за практична настава и учење преку работа 7 дена реализираа обука и размена на знаења на тема „ИТ технологии во образовниот процес“.
Во рамки на престојот учесниците имаа можност и да посетат значајни и препознатливи места од градот Истанбул, да научат нешто повеќе за културата, традицијата и историјата на Турција, а воедно и да крстарат по Босфор.
ДРУЖБА, ЗАБАВА И ЗНАЕЊЕ!
НОВИ ИСКУСТВА, НОВИ ЗНАЕЊА, НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ!
Погледнете низ слики за да Ви стане појасно.