Денес директорот на училиштето и претставници од Хотел Парк – Скопје (Park Residence) воспоставија соработка во делот на практичната настава, вработувањето и нови можности за развивање на угостителско-туристичката струка. Соработката се однесува на:
- Вработување во Хотел Парк на соодветни работни позиции согласно наставниот профил и компетенции за ученици од профилот келнер
- Реализирање на практична настава и феријална практика
- Работа на проекти од заеднички интерес, обуки и слично
- Развивање на концепт и анализа за отворање на дуална паралелка во нашето училиште за овој наставен профил.
ДОПОЛНИТЕЛНО, нашата соработка се прошири и во делот на профилот бизнис-администратор, за практична настава, гостински предавања и стручни/работни посети во секторите за маркетинг и административно-правна работа.
БЛАГОДАРНОСТ ДО ХОТЕЛ ПАРК за несебичната отвореност за долгорочна соработка.
Периодов продолжуваме со ваков тип на активности, а допрва ќе споделиме и конечни листи на соработници и можности.