Светскиот ден на срцето

На 29.09.2024 година во нашето училиште беше одбележан Светскиот ден на срцето, со кратка презентација, мерење на крвен пртисок, гликемија, SpO2 и делење на пораки поврзани со здрав начин на живот и превенција од кардиоваскуларни заболувања кои се водечка причина за смртност.

Кардиоваскуларните заболувања претставуваат најчесто заболување од хроничните незаразни заболувања. Групата на кардиоваскуларни заболувањa ги опфаќа сите заболувања на срцето и крвните садови. Во оваа група на заболувања се вбројуваат атеросклерозата на крвните садови (таложење на масни депозити на внатрешната страна на крвните садови), нерамномерно работење на срцето (срцевите аритмии), валвуларните срцеви болести (болести на залистоците на срцето), срцевата слабост (неможност срцето доволно да испумпа крв) како и мозочниот и срцевиот удар. Нашата држава припаѓа на земјите со многу висок ризик за КВЗ. Затоа кардиоваскуларната превенција дури 80% може да се превенира со промени на животниот стил како што се здрава исхрана, прекин на пушењето, редовна физичка активност. Најчести ризик фактори се дијабетесот, хипертензијата, дислипидемијата, обезитас.