Учениците од различни години и образовни профили, остварија посета на најголемиот книжевен настан, Саем на книгата 2024 година. Во текот на посетата учениците имаа можност да разгледаат, но и да се снабдат со литературни изданија претставени од над 60 домашни и странски издавачи. Оваа година Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време. По реализација на посетата, учениците и наставниците имаа заедничка кафе дружба и седенка.