Нашите ученици од образовен профил – фризер учествуваа на големиот саемски настан за нега и убавина на косата “Hair Beauty Day”, кој се одржа на 26 март во хотел Мериот, Скопје.
На настанот беа присутни изложувачи за козметика и додатоци за нега на косата, фризерска и берберска опрема, едукативна презентација од страна на Sensei hair technology, долгогодишни едукатори за технологија на коса и др. Во рамки на саемот имаше и практичен дел – натпреварување помеѓу ученици кои го изучуваат овој образовен профил.
По успешно завршениот натпревар, каде сите учесници се покажаа одлично, се донесе одлука за заедничка победа, па така сите наши ученици се стекнаа со сертификати за учество и награди. Честитки до учениците и до наставниците по стручните предмети: Мерсиха М., Билјана Ј. и Снежана С.
Голема благодарност до SENER Professional Family за поканата.