
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ: ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ #4- ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ – Финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој.
МИКРОБИОЛОШКИ ТЕСТИРАЊА И АНАЛИЗИ.
Учениците се вклучија во активности за тестирање на Микробиолошката чистота на водата за пиење во училиштето, со акцент на микроорганизмите како дел од екосистемот на водата. Примероци од водата за пиење во училиштето беа земени во повеќе наврати, по што учениците имаа можност да го набљудуваат процесот на прибирање на примероци, обработка на примероците од водата и следење на добиените резултати. Учениците од медицинската струка се запознаа со спецификите на работа во микробиолошка лабораторијата, со потребните инструменти и алатки за работа, но имаа можност и самостојно да извршуваат задачи и експерименти од полето на микробиологијата. ЌЕ СЛЕДАТ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО на водата во училиштето и ќе бидат понудени предлог решенија за зачувување на еко системот на водата. Голема благодарност до Ангела Илоска, Музафера Кофрц и Ељмедина Шабановска за реализација на проектот и особена благодарност до Микробиолошката лабораторија при Био Инженеринг – Скопје за беспрекорната соработка.