Предавање на тема „Како се управуваат институциите на ЕУ“

Во рамки на предметот Право на ЕУ, учениците од четврта година бизнис администратор (економско,правна и трговска струка) ја посетија Europe House Skopje и беа дел од предавање на тема „Како се управуваат институциите на ЕУ“. Предавањето го реализираа Младите европски амбасадори од Република Северна Македонија: Елица Матевска и Иван Дургутов. Ова предавање беше дел од клиничката настава организирана во рамки на наставата по предметот Право на ЕУ, а исто така и во рамки на предметот Учење преку работа. Во текот на денешниот ден нашите ученици имаа можност да ја разгледаат и изложбата наменета за предизвиците со справувањето со лажни вести. Голема благодарност до EU Hose Skopje, за несебичната соработка.