ОГЛАСНА ТАБЛА

Посета на Народната банка на Република Северна Македонија

Учениците од трета и четврта година од профилот- бизнис администратор, во рамки на предметот учење преку работа, денес ја посетија Народната банка на Република Северна Македонија и се запознаа со работата и функционирањето на оваа значајна институција.

СОВРЕМЕН АМФИТЕАТАР

СОВРЕМЕН АМФИТЕАТАР – КАБИНЕТ ПЛУС ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТЕТО! Подолг временски период се работеше на идејата за опремување на амфитеатар како додаток на кабинетската настава во училиштето, а сега тоа е реалност! Топло, убаво и пријатно место за реализирање на наставата и вон-наставните активности на училиштето. Sидовите на амфитеатарот се разубавени со […]

MOVEMBER – Месец на машкото здравје

Учениците од образовниот профил фризер учествуваа на настанот MOVEMBER – Месец на машкото здравје на 14.11.2022 год. На овој настан заедно со други училишта, но и претставници од реалниот сектор имаа можност да ги покажат своите вештини, способности и знаења. Дел од учениците добијаа и награди за нивната работа во знак на мотивација. Честитки до […]

Детски Рацинови Средби

НА 11.11.2022 УЧЕНИЦИТЕ ОД НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СО ГОЛЕМ БРОЈ ОСВОЕНИ НАГРАДИ НА 55. ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ ОДРЖАНИ ВО ВЕЛЕС НА ТЕМА „РАЦИН – ПОЕТ НА ЉУБОВТА И БОЛКАТА“ Во конкуренција со средните училишта од нашата држава со задоволство ги објавуваме следните освоени места:- ВТОРА НАГРАДА НА НАТПРЕВАРОТ ПО ОРАТОРСТВОУченик: Али Амет- ТРЕТА НАГРАДА НА РЕЦИТАТОРСКИОТ […]

Најдобри наставници

Градоначалничката Г-ѓа Данела Арсовска на 7.11.2022 год. прогласи 23 најдобри наставници и тоа од секое средно училиште по еден. Од нашето училиште предлог за најдобар наставник беше колегата Бобан Јовановски (наставник по историја), а денес официјално беше прогласен и награден. Честитки до сите просветни работници, а исто така и до нашиот колега.

Директорот доби плакета за животно дело и особен придонес за ромскиот јазик и литература

На одржаната свечена седница во Владата на Република Северна Македонија, директорот на СУГС„Шаип Јусуф“- Скопје доби плакета за животно дело и особен придонес за ромскиот јазик и литература – во име на професорот Шаип Јусуф (постхумно), по повод 5 ти ноември – Денот на Ромскиот јазик. Оваа награда е од особено значење за нашето училиште, […]

Предавање на тема „Како се управуваат институциите на ЕУ“

Во рамки на предметот Право на ЕУ, учениците од четврта година бизнис администратор (економско,правна и трговска струка) ја посетија Europe House Skopje и беа дел од предавање на тема „Како се управуваат институциите на ЕУ“. Предавањето го реализираа Младите европски амбасадори од Република Северна Македонија: Елица Матевска и Иван Дургутов. Ова предавање беше дел од […]