НАШИТЕ ФРИЗЕРИ КРЕАТИВНИ И НАГРАДЕНИ!

На ден 23.04.2023 година се одржа натпревар наменет за учениците од Град Скопје кои го изучуваат профилот фризер и истиот беше организиран од страна на Комората на занаетчии. На натпреварот учениците имаа можност да се натпреваруваат во неколку категории и ги освоија следните награди:

1 место во категорија најкреативна фризура – Антонела Шакир

3 место во категоријата најдобра плетенка – Рахела Емин

3 место во категоријата најдобро машко потстрижување – Аник Курти.

По повод овој настан “Креативноста на дело на идните фризири” нашите ученици и нивните ментори имаа посветена и темелна подготовка во рамки на стручните предмети и практичната настава. Покрај горенаведените награди наградени се и следните ученици: Шерија Азири 5 место (најдобра креативна фризура) и Сејада Алилова 4 место ( најдобра плетенка).

Честитки до сите ученици кои зедоа учество на овој натрпевар, а воедно честитки и до колегите ментори: Снежана Савеска, Мерсиха Мемеди и Билјана Јовановска.