НАШИТЕ ВРЕДНИ УЧЕНИЦИ – НАШИТЕ МЛАДИ ХЕРОИ!

На 19 септември 2024 год. нашето училиште беше гостин на Високата екселенција и претставник од Соединетите Американски Држави Г-ѓа. Марија Лонџи, координатор за развојна помош од канцеларијата за координација на американска помош за Европа и Евроазија.

Г-ѓа Лонџи имаше прилика да се запознае со три успешни младински акции развиени од ученици од нашето училиште во соработка со претходни ученици, а сега студенти. На денешниот настан учениците зборуваа за големи идеи и за промени, а воедно нашето училиште покажа дека создава мотивирачка, позитивна и современа училишна средина.

Со поддршка од USAID North Macedonia и Центар за едукација Генијалци, нашите ученици имаа можност да се стекнат со курсеви по англиски јазик, комјутери и младински активизам.

За тоа што конкретно сработија нашите ученици, ќе имате можност дополнително да се запознаете во текот на овие денови. ЧЕСТИТКИ за сите ученици, наставници и голема благодарност до нашите соработници и поддржувачи.