✅АКТИВНОСТ 1 – НАТПРЕВАР ЗА ГОТВЕЊЕ ОРГАНИЗИРАН ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТЕТО.

🥗 НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА САЛАТА

Готвење со ШЕФ МАРК кој гостуваше во нашето училиште, а потоа ние гостувавме во неговата емисија „Авантурите на Марк“. Оваа тимска активност е организираана по повод деновите на Шаип Јусуф и одбележување на патрониот празник и десет години од постоењето на училиштето.

✅Во активноста беа вклучени наставниците, стручната служба, директорот и дел од учениците, а беше организирана во соработка со активот од туристичко-угостителската струка.

Активноста е од рекреативен и едукативен карактер и истата промовира тимска работа, животни вештини и здрава исхрана.