Настан по повод Меѓународниот ден на девојките и жените во ИКТ

На ден 25.04.2024 година, ученички од четврта година од профилот: медицинска сестра, со професорката Милена Наумоска Мусовска присуствуваа на настан по повод Меѓународниот ден на девојките и жените во ИКТ, во рамки на програмата Сајбер патеки за жени, поддржана од USAID Македонија во просториите на Универзитетот за информатички науки Св. “Апостол Павле” Охрид. Ученичките имаа можност да учествуваат во активности за одредување професии на иднината, како и да слушнат инспиративни лични приказни од жени доктори на науки од областа на информатичката технологија, инженерство и науката од Македонија. Со овој настан нашето училиште се вклучува во проектот Сајбер патеки за жени во Македонија.