По повод Меѓународниот ден на младите 12 август, дел од нашите ученици и млади лица од населбата Шуто Оризари волонтерски беа вклучени во разубавување на просторот и подобрување на условите за работа во дневниот центар „Сумнал“ во Топана, Скопје. Ваквата акција беше поддржана од УСАИД во соработка со повеќе невладини организации.
Честитки за сите вклучени млади и браво за убавиот гест!