– Состанок на училишниот тим за безбедност (досегашни мерки, резултати и анализа).
– Состанок со Ученичката заедница во проширен состав и презентирање на протоколите за заштита и пријавување на насилство, дискусија, размена на решенија и идеи.
– Кампања против насилството во училиштата и врсничкото насилство (спроведена во училишните гласила тв монитори кои служат за информирање, пофалби и известувања на учениците).
– Договарање на заеднички понатамошни активности и делување.
ШТО ДОСЕГА ИМАМЕ НАПРАВЕНО?
1. Видео надзор, ангажирано обезбедување и униформирани ученици (мерки воведени од почетокот на училиштето и дел од 2018 година).
2. Телефоните за време на час се во посебно место, кутија означена за тоа – toy box (мерка воведена од 2019 година).
3. Протокол за идентификација, постапување и спречување на насилство, како и дург тип на протоколи и други интерни акти.
БЕЗБЕДНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ Е НАШ ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТ! СТОП за насилството во училиште!