Конвенцијата за правата на детето

По повод неделата на Конвенцијата за правата на детето, како и кампањата за промоција, заштита и унапредување на детските права, нашето училиште во соработка со институцијата Народен правобранител организираа активности и завршен настан. На настанот беа присутни претставници од оваа институција од кои и Г-ѓа Васка Бајрамовска – Мустафа, која имаше свое излагање кон нашите ученици и вработени.
Нашето училиште заедно со неколку други училишта ќе биде дел од промоторите и обучувачите на теми за детските права во другите училишта од нашето окружување. Огромна благодарност до оваа инстутиција за отворениот пристап и убава соработка, за вклучените ученици и за професорката Ивона Јакимовска за организирањето на оваа активност.

#заеднозазаштита #надетскитеправа