ЗА НАС

 ЗА УЧИЛИШТЕТО

Училиштето е лоцирано во Скопје, општина Шуто Оризари. Во учебната 2015/2016 беше официјлано отворено првото средно училиште во општината, тоа е нова градба по сите најнови стандарди и критериуми и во него во моментот посетуваат настава околу 300 ученици. Првиот в.д директор на училиштето беше г-ѓа Амела Хаки, а моментално е г-дин Доан Сулејманоски.

Ресурси на училиштето

Училници
Училници со кабинети
Канцеларии
Наставничка канцеларија
Библиотека
Помошни простории
Фискултурна сала
Санитарни јазли
Простории за практична настава
 
Од училишните кабинети дел се опремени со компјутери и смарт табли и овозможуваат настава во современи услови. Училиштето исто така располага со наставни помагала и надгледни средства кои го подобруваат квалитетот на наставата.
Во училиштето работи високо-едуциран кадар којшто неуморно се посветени за квалитетен воспитно-образовен процес.
 
Во нашето училиште се образуваат ученици кои можат да изберат 3 годишно и 4 годишно стручно образование, ги поседуваме следните насоки:
 
1. Економско-правна и трговска струка
  • Профил: БИЗНИС АДМИНИСТРАТОР
  • Профил: ПРОДАВАЧ-РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖНИ УСЛУГИ

2. Градежна-геодетска струка

  • Профил: Градежен техничар

3. Здравствена струка

  • Профил: Медицинска сестра

4. Лични услуги

  • Профил: Фризер

5. Угостителско-туристичка струка

  • Профил: Келнер

ЗА ШАИП ЈУСУФ

Професорот Шаип Јусуф роден е во  1933 година во Скопје а почина на 30 јануари 2010 година, беше и автор и преведувач. По завршување на средното училиште студирал и завршил како наставник по физичко воспитување во Белград, Србија. Тој заедно со Круме Кепески започна да ја пишува ромската граматика во 1973 година која во 1980 година во издание на Просветно дело од Скопје беше издадена во 3.000 примероци. 

Тој воедно беше еден од иницијаторите и организаторите на Првиот Ромски Светски Конгрес во Лондон Велика Британија во 1971 година. Интересно е дека тој  Исламот, го  конвертира во хиндуизмот, која тој ја смета религијата на неговите предци – Ромите.  Позначајни дела во неговата богата историја се и „Amen siam e Titoskere, o Tito si amaro“– „Ние сме Титови, Тито е наш“ во 1978 година во српско – хрватско издание  од Драго Здуниќ. За неговото дело и сето она што го сторил, денес во општината Шуто Оризари го носи името на средното училиште.