
Во рамки на предметот математика, учениците од прва година од профилите бизнис администратор и медицинска сестра имаа можност тимски да се натпреваруваат, да се дружат, но и да ги измерат своите предзнаења. Под менторство на професорката по математика Василка Настеска, се организира час на отворено во спортското игралиште на училиштето, а потоа квизот продолжи и во училишната библиотеката. Овој квиз и идеја на професорката беше одлична можност за запознавање, дружење и натпреварување на новите ученици.