
Учениците од III и IV година , профил: бизнис администратор, во рамки на предметот учење преку работа кај работодавач, на ден 19.12.2024 година остварија едукативна посета на Народната Банка на Република Северна Македонија, која се состоеше од 2 дела. Првиот дел беше реализиран преку презентација за работењето, функциите и значењето на НБРСМ во банкарскиот систем во РСМ каде нашите ученици земаа активно учество. Вториот дел се состоеше од посета на Музејот на НБРСМ каде кустосот им ги објасни обележјата и историските значајности од банкарски карактер автентични за нашата држава.