ДРУЖЕЊЕ И УЧЕЊЕ НИЗ СЛИКИ

На ден 22.10.2024 година учениците од нашето училиште реализираа еднодневна научно-истражувачка екскурзија во Битола и го посетија стариот антички град Хераклеа и Народен музеј – Битола со музејската поставка посветена на градот и спомен собата на Кемал Ататурк. Покрај едукативниот дел од екскурзијата, учениците и наставниците имаа можност да го искористат пријатното сонце и убавиот ден низ центарот на Битола за убав муабет и дружба на Широк Сокак.