НА НАШЕ ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО АМБАСАДОРКАТА ОД САД ВО РСМ Г-ЃА АНЏЕЛА П. АГЕЛЕР ГОСТУВАШЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ.
Денес Амбасадорката Г-ѓа Анџела П. Агелер имаше можност да се запознае со работата и успесите на учениците, наставниците и менаџментот на училиштето, а воедно и да ги посети опремените и современи кабинети за настава по стручните и општообразовните предмети. Во рамки на посетата се сретна и со директорот на училиштето Г-дин Доан Сулејманоски и поразговараа за сите тековни активности, предизвици и планови за развој на училиштето и наставата во истото. Чест и задоволство е по втор пат нашето училиште да биде добар домаќин на Амбасадор од САД во нашата држава. Благодарност за досегашната соработка и поддршка од име на вработените и учениците.