
АКТИВНОСТ 2
НАТПРЕВАР ОД ОБЛАСТА НА ПРАВНИТЕ НАУКИ ЗА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ГРАД СКОПЈЕ
Правниот факултет при Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје во соработка со СУГС„Шаип Јусуф“- Скопје, по повод патрониот празник на училиштето организираа натпревар на 30.02.2025 год. за учениците од средните училишта. Натпреварот се реализираше во две категории:
– Категорија за гимназиско образование за предметот: Вовед во правото;
– Категорија за средно стручно образование за предмет: Право и државно уредување (уставно право).
Наставниците кои предаваат правни предмети во средните училишта во Град Скопје имаа можност да се пријават и да номинираат ученици согласно објавениот конкурс. Натпреварот се реализираше на Правниот факултет при Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје.
Денот беше исполнет со многу активности за учениците и менторите и тоа:
– Состанок и средба на наставниците по правни предмети каде се разгледуваа актуелни прашања од работата на наставниците;
– Презентација и запознавање со универзитетот, условите и наставните програми кои ги реализира;
– Работилница одржана од страна на наставниот кадар на факултетот наменета за учениците на тема од областа на малолетничкото казнено право и други активности.
Со овој наставен настан се даде можност за натпревар помеѓу учениците во областа на правните знаења, а покрај тоа и можност за заедничка дружба и меѓусебно запознавање на учениците и наставниците.
Одличен ден, одлично искуство и дружба!
Благодарност за учеството на сите наставници и ученици!
Благодарност до International Balkan University (IBU) за соработката и поддршката при реализација на натпреварот.